ЖОК Вардар ЕМ

Краток историјат:

ЖОК Вардар ЕМ од Скопје започнува со работа во 2016 година како дел од машката екипа на ОК Вардар Скопје, додека како самостоен клуб функционира од септември 2019 година. Клубот е насочен кон едукација, развој и унапредување на млади одбојкарки и е еден од најуспешните спортски колективи за развој и популаризација на женската одбојка во Македонија. Во клубот работат тренери и професори по ФЗО, дел од нив се и сертифицирани ФИВБ тренери.

Како дел од ОК Вардар Скопје клубот бележи успеси во младинските категории и е редовен учесник на Ф4 завршниците во првенствата на ОФМ. Од сезоната 2019/2020 клубот продолжува да работи под името ЖОК Вардар ЕМ со учество во младинските првенства, додека во сезоната 2021/2022 првпат се натпреварува во Втората женска лига и преку бараж-двомеч обезбедува пласман во Првата лига – жени со сезоната 2022/2023. По десет години постоење на македонската одбојкарска сцена клубот стигнува и до првиот пехар во клупската историја освојувајќи го Купот на ОФМ 2025.

Од редовите на ЖОК Вардар ЕМ произлегуваат повеќе репрезентативки како во младинските селекции, така и во сениорскиот национален тим. Клубот останува посветен на својата визија за развој и успех на македонската женска одбојка.

1 (2026)

Останати клубови

Прва лига жени

Газели Волеј

Фламинго Волеј

Пелистер Волеј

Фит Фан Волеј

Струмица Жени

Наковски Волеј

Работнички Скопје

Младост УГД

Јанта Волеј – КВ