ОК „Пелистер Волеј“ од Битола, е клуб кој е основан во 2011 година и е продолжение на машкиот клуб Пелистер кој своевремено неколку сезони се натпреваруваше во Втората државна лига на Македонија. Клубот, прво се натпреварува со машка екипа, за по две години да продолжи да функционира единствено во женска конкуренција.
Клубот една деценија се развива преку младинските категории, потоа се натпреваруваше во Втората лига жени, а во последните три години е дел од Првата лига жени. Од неговите редови низ годините произведе 20 македонски репрезентативки во различни селекции.
Пелистер Волеј минатата сезона потпиша двегодишна платформа со Општина Битола, кој е потврда за сериозниот проект, како и општествено – социјалната и спортска мисијата која ја има клубот.