Фламинго Волеј

Краток историјат:

ОК „Фламинго Волеј“ од Скопје е основан во 2018 година со цел да создаде средина во која младите ќе се развиваат преку спортот, тимската работа и вистинските спортски вредности. Од своето основање, клубот бележи континуиран раст – од школа за одбојка и работа со младински категории, до формирање сениорска екипа и натпреварување во националните лиги.

Еден од најзначајните моменти во историјата на клубот е сезоната 2025/26, кога сениорската екипа го освои првото место во Втората лига без пораз и избори историски пласман во Првата одбојкарска лига на Македонија.

Фламинго Волеј брои околу 260 членови, има школа за одбојка и екипи во повеќе младински категории – пионерки, кадетки и јуниорки, како и сениорски тим кој се натпреварува во Првата лига. Од мала спортска идеја, Фламинго Волеј прерасна во клуб со јасна визија – долгорочен развој на младите спортисти и градење стабилен и препознатлив одбојкарски клуб.

Останати клубови

Прва лига жени

Газели Волеј

Пелистер Волеј

Фит Фан Волеј

Струмица Жени

Наковски Волеј

ЖОК Вардар ЕМ

Работнички Скопје

Младост УГД

Јанта Волеј – КВ