ЖОК Куманово

Краток историјат:

ЖОК Куманово е основан во 2019 година од неколкумина наставници по физичко образование од Куманово, кои го препознаа растечкиот интерес кај девојчињата од основните училишта за одбојката како еден од најпопуларните колективни спортови. Основањето на клубот претставува продолжување на одбојкарската традиција во Куманово и надоврзување на работата на клубовите кои во минатото постоеле во градот.

Од своето основање до денес, ЖОК Куманово континуирано вложува во развојот на младите одбојкарки. Во рамките на својата одбојкарска школа, клубот просечно брои повеќе од 100 деца. Во првите години, акцентот беше ставен на привлекување и обучување девојчиња од основноучилишна возраст. Најталентираните одбојкарки уште во првата сезона беа вклучени во младинските натпреварувања организирани од ОФМ, со што започнува континуираното учество на клубот во младински лиги.

ЖОК Куманово направи значаен чекор напред кога во сезоната 2025/2026 започна да се натпреварува и во сениорска конкуренција, како дел од Втората лига. Клубот чии играчки кадар е составен исклучиво од одбојкарки кои потекнуваат од сопствената школа, останува посветен на својата мисија: развој на младите одбојкарки, промовирање на спортскиот дух и тимската работа, како и создавање нови генерации спортистки кои достоинствено ќе го претставуваат Куманово на домашната одбојкарска сцена.

Останати клубови

Прва лига жени

Газели Волеј

Фламинго Волеј

Пелистер Волеј

Фит Фан Волеј

Струмица Жени

Наковски Волеј

ЖОК Вардар ЕМ

Работнички Скопје

Младост УГД

Јанта Волеј – КВ