ОК „Газели Волеј“ е основан во Скопје во 2018 година, со јасна определба за создавање и развој на домашни играчи и обезбедување средина во која младите, перспективни и амбициозни одбојкарки ќе можат постепено да го градат својот пат кон сениорската и професионалната одбојка.
Од сезоната 2020/21 клубот настапува во сите младински категории, а во сезоната 2023/24 за првпат се вклучува и во сениорска конкуренција, во Втората лига, каде го освојуваат второто место. Истовремено, младинските селекции бележат значајни резултати – шампионска титула во пионерска и втори места во кадетска и младинска конкуренција. Во сезоната 2024/25 Газели Волеј ја освојува Втората лига и обезбедува пласман во Првата лига. Истата сезона клубот станува и шампион на Македонија во кадетска конкуренција. Во дебитантската прволигашка сезона 2025/2026 клубот игра во првенствениот плеј-оф, како и во полуфиналето од Купот на ОФМ 2026.
Школата на Газели Волеј, во моментов, брои околу 400 деца, а развојот на сопствен играчки кадар останува во центарот на спортската визија на клубот – од првите одбојкарски чекори, преку младинските категории, до сениорската и професионалната одбојка.