ОК „Фит Фан Волеј“ од Скопје е формиран во 2008 година и веќе 18 години успешно работи со млади талентирани одбојкарки кои активно тренирааат и се натпреваруваат во одбојкарските лиги во организација на Одбојкарската федерација на Македонија.
Клубот веќе седма година во низа се натпреварува во Првата лига – жени, а со сезоните 2024/2025 и 2025/2026 беше дел од плеј-оф завршницата во првенството. Во Купот на ОФМ 2025 Фит Фан Волеј за првпат играше во полуфиналето. Во сезоната 2025/2026 клубот премиерно учествуваше во БВА Купот, кој е во организација на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА).
„Фит Фан Волеј“ е носител на бројни награди и признанија, и клуб од кој излегле многу спортски таленти, кои биле или се дел од младинските национални селекции.