Женскиот одбојкарски клуб Младост УГД Штип е формиран во 2022 година, со целосно ребрендирање и обновување на клубот. Од самиот почеток, визијата на клубот е изградба на стабилен и конкурентен спортски колектив, со јасна стратегија за развој на сениорската екипа и младинските категории.
По една сезона натпреварување во Втората лига, клубот експресно обезбедува пласман во Првата лига и од тогаш континуирано учествува во најсилното женско натпреварување. Во сезоната 2025/2026 клубот го оствари најголемиот успех досега, пласман во полуфиналето на првенствениот плеј-оф, како и полуфиналето во Купот на ОФМ 2026.
Паралелно со развојот на сениорскиот тим, клубот посветено работи и на развојот на младите одбојкарки преку својата одбојкарска школа, во која се вклучени деца од најмала возраст и се со континуирано присуство меѓу најдобрите во младинските категории. Младост УГД со својата визија, посветеност и работа дава и репрезентативки во сите национални селекции и придонесува за напредокот на женската одбојка во Македонија.