ОК Сушево e формиран во 1978 година и веќе следната година започнува со натпреварување прво во Општинската лига, а во следните две сезони обезбедува учество и во Регионалната, односно Првата македонска лига во СФРЈ. Како дел од ова натпреварување е активен до 1987 година по што клубот оди во мирување.
Клубот одново се активира од група на спортски ентузијасти во 2011 и до 2016 година се натпреварува во Првата лига мажи. Во овој период клубот го остварува и најголемиот успех досега со учеството во финалето на Купот на ОФМ 2015, како и вицешампионска позиција во сезоната 2014/2015.
Повторно клубот е во мирување од периодот од 2016 до 2022 година кога се враќа на одбојкарската сцена и одтогаш има прволигашки статус. Екипата успешно се натпреварува и во младинските категории.