ОК „Наковски Волеј“ од Струмица е формиран во септември 2014 година од поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец Хари Наковски. Од сезоната 2015/2016, клубот активно се вклучува во официјалниот натпреварувачки систем на ОФМ и во текот на 12-годишното постоење тој изгради препознатлив идентитет заснован на системска работа со младите категории, развој на талентирани одбојкарки и постојана стремеж кон највисоките спортски достигнувања.
Еден од најголемите успеси на „Наковски Волеј“ е континуитетот на врвни резултати во младинските категории, со седум шампионски титули во кадетска конкуренција, шест титули во младинска конкуренција и две шампионски титули во пионерска конкуренција. Најуспешна клупска сезона во сениорска конкуренција е 2024/2025 кога екипата го освои Купот на ОФМ 2025, додека во првенството заврши на третата позиција. Во сезоната 2025/2026 „Наковски Волеј“ беше финалист во првенствениот плеј-оф, а играше и во финалето на Купот на ОФМ 2026. Во сезоната 2025/2026 премиерно настапи во европските клупски купови како учесник во ЦЕВ Челинџ купот, додека во сезоната 2026/2027 за првпат учествуваше во БВА купот во организација на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА).
Клубот има јасна визија: да продолжи да создава шампиони, да гради карактер, да развива победнички менталитет и да придонесува за иднината на македонската женска одбојка.