Струмица 47&72

Краток историјат:

OК Струмица 47&72 е клуб кој во 2008 година обединува два спортски ентитети ОК Струмица и ОК Македонија (машката екипа) и од сезоната 2008/2009 се натпреварува под ова име.

ОК Струмица е основана во 1947 година и во рамките на СФРЈ без прекин настапува во сите лиги, а во сезоната 1984/85 е дел и од Првата Сојузна Лига. На СП 1972 во Бугарија, одбојкарот на ОК Струмица, Никола Донев е првиот сениорски репрезентативец на Југославија. ОК Македонија (поранешен ОК Југославија) е основан во 1972 година со машка и женска екипа. Во рамките на СФРЈ машкиот тим без прекин и со успех настапувал во Републичката лига, додека женската екипа и во Втората Сојузна Лига.

ОК Струмица е првиот македонски шампион по осамостојувањето на Македонија во 1993 година и е еден од најуспешните клубови со освоени 12 шампионски титули и девет куп-титули во сениорска конкуренција. Клубот е прв македонски претставник во ЦЕВ Лигата на шампионите, а на меѓународен план има повеќе учества во ЦЕВ европските клупски купови и БВА купот. Клубот е вистински расадник на одбојкари кои со успех го носеа националниот дрес во сите категории, а голем дел од нив направија и успешни интернационални кариери.

ОК Струмица следната година ќе слави јубилеј „80 години одбојка во Струмица“.

12 (1993, 2012, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019, 2021, 2022, 2023, 2024, 2025)
9 (2012, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019, 2021, 2022, 2023)
ЦЕВ Лига на шампиони (2022/2023, 2023/2024, 2024/2025, 2025/2026)
ЦЕВ куп (1994/1995, 1996/1997, 1997/1998)
ЦЕВ Челинџ куп 2026/2027

Останати клубови

Прва лига мажи

Јанта волеј

Скопје

Весна Пробиштип

Штип УГД

Работнички 71&22

Лирија

ГОК Борец

Сушево

Македонија Џио

Шкендија

Универзитет во Тетово