Клубот Весна Пробиштип е формиран во јуни 2013 година по иницијатива двајца поранешни одбојкари Игор Манасов и Ласте Јосифов, кои и денеска се активни во работата на клубот. Во првите три години од постоењето клубот го носи името ОК Пробиштип, а потоа е преименуван во ОК Весна Пробиштип.
Клубот во сениорска конкуренција играше трипати во финалето на Купот на ОФМ (2014, 2016 и 2018) додека во 2017. година е финалист во првенствениот плеј-оф, што е најголем клупски успех досега.
ОК Весна Пробиштип е активен и во младинските првенства, натпреварувања во кои котира високо, и од чии редови произлегуваат младински репрезентативци. Клубот во моментов брои околу 200 членови во сите категории во машка и женска конкуренција.