Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Мажи
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Жени
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Билтени
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Маџунков се враќа, познат списокот на Миленкоски за евро-квалификациите

  • July 11, 2025

Средниот блокер Филип Маџунков ќе биде на располагање на селекторот Јошко Миленкоски за престојните квалификациски дуели со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026. Неговото име е меѓу 16-те кои треба да се појават на 17 јули на стартот на подготовките во Маврово.

Маџунков ја пропушти првата летна акција на репрезентацијата поради интервенција на коленото, но по успешната санација на проблемот и процесот на рехабилитација тој се враќа во игра.

Селекторот Миленкоски не направи никакви промени во списокот. Одбојкарите кои ги имаше на располагање за настапот во Европската Златна лига 2025 се негов избор и за евро-квалификациите.

Репрезентативците од редовите на шампионот Струмица 47&72, како и освојувачот на Купот, Штип УГД, заедно со интернационалците – браќата Ѓоргиеви, Љафтов, Савовски, Костиќ, Илиев и Ефремов ќе го понесат товарот во дуелите со Грција и Грузија, преку кои Македонија го „брка“ настапот на четвртиот континентален собир во низа.

Подготовките на репрезентацијата стартуваат на 17 јули (четврток) на пладне во Маврово, каде екипата ќе мине десет дена. Од 28 до 30 јули Македонија ќе одигра пријателски натпревар со Бугарија во Софија, како прва проверка на силата. Потоа темпирањето на формата го продолжува во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“, каде од 5 до 7 август ќе се одржи 49. издание на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ на кој покрај Македонија ќе учествуваат и репрезентациите на Бугарија и Швајцарија.

Квалификацискиот дуел со Грција, нашите одбојкари го играат на 13 август во Атина, додека последниот натпревар од циклусот за ЕуроВолеј 2026 Македонија го игра на 17 август, во 20 часот, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје против Грузија.  

  • June 15, 2026

Ивана Пејовска дел од ЦЕВ „Тренерската конвенција 2026“ во Португалија

  • June 15, 2026

Три македонски клуба со апликација во ЦЕВ клупските купови во следната сезона

  • June 14, 2026

Македонија покажа „заби“, но Грција победи

  • June 13, 2026

Втора победа во низа за Македонија во Европската лига 2026

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (125)
  • Репрезентација (230)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (71)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (32)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (9)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings