Новата сезона во Првата лига мажи започнa порано од предвиденото за бранителот на титулата Штип УГД и Јанта Волеј мажи, со двомеч дуел од претколото, кој мина во знакот на шампионот. Двата натпревари кои се одиграа попладнево во Штип ги доби домаќинот со максимален резултат.
Со победата во претколото Штип УГД обезбеди настап во Првата А лига, додека Јанта Волеј мажи регуларниот дел од сезоната ќе го игра како дел од Првата Б лига.
Двомеч натпреварот се одигра со ваков распоред поради настапот на македонскиот првак во ЦЕВ Лигата на шампионите во средината на следната недела. Во договор меѓу двата клуба, а со дозвола од Федерација.
Претколото за останатите парови започнува в сабота, додека реваншот ќе се игра в среда (21. октомври) со што ќе биде дефиниран изгледот на Првата А и Првата Б лига за сезоната 2026/2027 кај мажите.