Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Деспотовски: „Шампионска титула е круна на сезоната!“

  • May 12, 2026

По 18. пат во клупската историја одбојкарките на Работнички Скопје се радуваат на шампионска титула во најсилната женска македонска лига, откако со 3-2 во победи славеа во финалната серија од 33. државно првенство против лидерот и главниот фаворит за насловот – Наковски Волеј.

Традицијата како најтрофеен клуб на домашната сцена, искуството кое го имаат на своја страна со оглед на тоа дека играат петто финале во последните пет сезони, како и одлично темпираната форма за завршницата им го донесоа шампионскиот пехар одново во витрините по пауза од една година.

Немаа нималку лесна задача девојките на Душко Деспотовски, затоа што Наковски Волеј беше квалитетен противник, силно мотивиран во првото финале на плејофот во клупската историја да стигне и до првата шампионска круна, а во серијата „подобар во пет“ нијанси одлучуваа.

Ривалите понудија фантастична финална серија, со неизвесност и возбудувања каква што немало во женското првенство во последните четири-пет сезони, а на крајот Работнички Скопје е оној што се радува и слави – шампионска круна.

„Пресреќен сум, презадоволен! Каков може да бидам кога сезоната ќе се круниса со шампионска титула!?“, е првиот коментар на тренерот на Работнички Скопје, Душко Деспотовски.

По делумно проспиена ноќ, со се уште не сумирани впечатоци и емоции, стратегот на новиот шампион ја анализира сезоната.

„Според прикажаното и резултатите од цела сезона Наковски Волеј беше фаворит до плејофот. Во финалната серија и двете екипи покажаа квалитетна одбојка. Имавме супер натпревари, со изедначени сили, убави поени, голема борба… Вакви добри соочувања, ваква неизвесност и надигрување во финалето оддамна сме немале. Ја освоивме 18-тата шампионска титула во клупската историја, го задржуваме епитетот најтрофеен клуб на домашната сцена и во последните пет години ова ни е петто финале во кое освојуваме четврта титула – мислам дека резултатите сами говорат за себе“, објаснува Деспотовски и продолжува: „Факт е дека игравме со осцилации во првиот дел од сезоната, потоа во вториот полека фаќавме ритам и веќе во плејофот ја темпиравме формата за крајната цел. Традицијата која ја има Работнички Скопје како клуб ни дава за право во секоја сезона да влегуваме со високи амбиции, а континуираните настапи во Европа само ни се додадена вредност во однос на квалитетни дуели и градење на искуство. Мислам дека токму тоа искуство беше клучен фактор во финалето на плејофот. Имаме екипа која е комбинација на младост и искуство. Искусните одбојкарки беа ‘моторот’ даваа кога беше најпотребно, но ме радува што и младите кои добија шанса, ја искористија максимално, имаат значаен допринос во оваа титула и носат надеж дека имаме иднина чие време допрва доаѓа. Ако раната елиминација во Купот на ОФМ ги изнесе на виделина сите лоши моменти во нашата игра, тогаш првенството го даде најдоброто од нас. Со шампионската титула се искупивме за сите киксови сезонава. Презадоволен сум од играта, од залагањето, од борбеноста и дисциплината – тактичка дисциплина и тоа во клучните моменти мислам дека го реши победникот во серијата.“

Со освојувањето на шампионската титула сезоната е официјално завршена, но не се и обврските. Дел од одбојкарките ќе останат во тренажен процес со клубот до крајот на јуни, дел ќе се стават на располагање на селекторот Милош Гавриловиќ за обврските со националниот тим во Европската лига 2026, додека управата на клубот веќе работи на тимот за следната сезона.

„Ќе имаме само мала оддишка. Првенството заврши, но како и секоја посериозна екипа, така и ние продолжуваме со работа со младите до крајот на јуни – сега ќе им се посвети повеќе време на нив. Дел од екипата продолжува со репрезентацијата. Што се однесува до управата на клубот ние ќе работиме на тоа да го финализираме ростерот за следната година пред да мислиме на одмор. Се надевам дека и трендот на настапи во европските клупски купови, кој го имаме во последниве четири години ќе го задржиме и во следната“, констатира Душко Деспотовски.

Крунисувањето на Работнички Скопје за нов првак го заокружи 33. првенство во Првата лига жени за сезоната 2025/2026.

  • May 12, 2026

Двојна круна за Савовски и Панатинаикос во Грција

  • May 12, 2026

Дамите утре на прв собир со новиот селектор

  • May 11, 2026

Работнички Скопје ја продолжува шампионската традиција – слави 18. титула!

  • May 7, 2026

Ѓоргиев: „Млади деца и нова енергија, гледаме во иднината на репрезентацијата“

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (124)
  • Репрезентација (197)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (68)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (8)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings