По кадетската и пионерската екипа на Струмица 47&72 ја одбрани шампионската титула во машка конкуренција во својата возрасна категорија. Во финалето, кое претставуваше локално дерби младите надежи на Струмица 47&72 ги победија врсниците од Македонија Џио со 3:1 (20:25, 25:19, 25:19, 25:16).
Македонија Џио имаше посигурно отворање на мечот и поведе со 1:0, но во продолжението Струмица 47&72 се избори за комплетен пресврт и ја задржа титулата во своја посед.
Во мечот за третото место ГОК Борец ја освои бронзата откако со 3:1 (25:21, 25:19, 15:25, 25:15) го победи Работнички 71&22.



ФИНАЛЕН ТУРНИР ПИОНЕРИ
МЕЧ ЗА 3. МЕСТО
ГОК БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 71&22 3:1 (25:21, 25:19, 15:25, 25:15)
ФИНАЛЕ
СТРУМИЦА 47&72 – МАКЕДОНИЈА ЏИО 3:1 (20:25, 25:19, 25:19, 25:16)
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН
1.СТРУМИЦА 47&72
2. МАКЕДОНИЈА ЏИО
3. ГОК БОРЕЦ
4. РАБОТНИЧКИ 71&22