Машката одбојкарска репрезентација на Македонија е најдобриот национален тим во изборот на „Спортист на годината 2025“, традиционалната спортска манифестација, која по 71. пат се одржа во организација на Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.

Одбојкарите за конкуренција во номинацијата ги имаа ракометарите, кошаркарите и фудбалската репрезентација до 17 години, а како пресуден беше фактот дека во 2025 тие обезбедија учество на четвртото во низа континентално натпреварување – Европското првенство 2026.
Во индивидуална конкуренција, боксерот Ален Рустемовски, кој е европски вицешампион од ЕП У23 во Ереван и бодибилдерката Катерина Попева, која е свтска шампионка на СП во фитнес и бодибилдинг во Шпанија, ги понесоа највисоките признанија – најдобар спортист и спортистка за 2025.
ДОБИТНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ:
Спортист на годината: Ален Рустемовски (бокс)
Спортистка на годината: Катерина Попева (боди билдинг и фитнес)
Најуспешен млад спортист: Адријан Рустемовски (бокс)
Најуспешна млада спортистка: Даниела Алексовска (бразилска џиу џица)
Најуспешен женски национален тим: Ракометна репрезентација на Македонија – сениорки
Најуспешен машки национален тим: Одбојкарска репрезентација на Македонија – сениори
Најуспешен тренер/селектор: Могамед Ибрагимов (борење)
Најуспешна национална спортска федерација: Џудо федерација на Македонија
Најуспешен спортист со инвалидитет: Андреј Стојановски (пливање)
Најуспешна спортска екипа од Универзитетите: Машки тим во мал фудбал на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје
Најуспешен училишен спортски клуб од средните училишта: СУГС „Никола Карев“ – Скопје
Најуспешен училишен спортски клуб од основните училишта: ООУ „Никола Карев“ – Кочани
Плакета за постигнати резултати на талентиран млад спортист: Петар Цеков (пливање)
Женската сениорска одбојкарска репрезентација, како и Одбојкарската федерација на Македонија беа номинирани во категориите најуспешен женски национален тим, односно најуспешна национална спортска федерација.