Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

УГД Штип пред европското деби: Оптимисти сме!

  • November 11, 2025

Премиерата на европската сцена, освојувачот на Купот 2025, УГД Штип ќе ја има утре, во Осло во првото коло од ЦЕВ Челинџ купот, кога му гостува на норвешкиот претставник Кол Ил во салата „Крингсјахален“ во 19 часот.

Штипскиот состав денеска патува за Осло, со силна верба во своите квалитети и позитивна мисла дека европското деби може да биде успешно, со оглед на тоа дека има противник по мерка.

„Нетрпеливи сме во пресрет на нашиот прв европски настап. Радува фактот дека немаме никакви здравствени проблеми и комплетни патуваме на првиот меч. Оптимисти сме во двомечот со Кол Ил, од причина што и за двете екипи ова е премиерно учество во европските клупски купови. Противникот има искусна екипа и се базира на квалитетни норвешки играчи кои играат дисциплинирана ‘скандинавска’ одбојка. Мојот состав е многу помлад и основата се македонски репрезентативци и две странски засилувања, но сите се со меѓународно искуство. Подготвени сме, мотивирани и расположени за докажување“, истакнува стратегот на УГД Штип, Кристијан Ристески.

Според Ристески шансите се рамноправни, а потенцира дека многу работи ќе зависат и од приемот и од сервисот со кој ќе нападне неговата екипа.

„Според она што го имаме како информација за противникот и од анализите сметам дека шансите се 50-50. Фокусот е секако на нашата игра, односно она што го прикажуваме досега и во подготвителниот период и во домашното првенство – сплотеност и доброто функционирање на теренот, верувам дека ќе го презентираме и во овој двомеч. Сметам дека приемот на сервис може да биде клучен елемент. Доколку тоа се одработи добро, нема да имаме потешкотии со оглед на тоа дека сме доста напаѓачка екипа. Истовремено мора да нападнеме и со силен сервис, со цел да се неутрализира нападот на противникот. Доколку тоа го одработиме како што сакаме и замислуваме може да се надеваме на позитивен резултат“, заклучува Ристески.

Првиот меч од првото коло во Челинџ купот се игра утревечер (19 часот) во Осло, додека реваншот е на 19 ноември во салата „25 Мај“ во Радовиш.

  • April 21, 2026

Работнички Скопје и Наковски Волеј во „битка“ за круната кај дамите

  • April 21, 2026

Штип УГД е на чекор до титулата

  • April 20, 2026

Работнички 71&22 е нов младински првак!

  • April 20, 2026

Љафтов ќе игра финале, Милев ќе се бори за бронза во Унгарија

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (117)
  • Репрезентација (192)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (68)
  • Млади категории (5)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (5)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings