Одбојкарките на Фит Фан Волеј имаа премиера на меѓународната сцена со три порази во исто толку натпревари и како четвртопласирани го завршија настапот на БВА Балканскиот клупски куп 2025 година.
Младиот скопски тим имаше желба да се проба на едно повисоко ниво и да излезе од границите на националното првенство, а тоа му овозможи и да одигра три силни натпревари во пресрет на новата сезона.
„Навистина убаво искуство! Не можеме да се пофалиме со резултат, но факт е дека игравме со противници како АЕК Атина, кој го освои БВА Купот, и кој е сериозен клуб со буџет од милион евра. Потоа Херцег Нови, тим кој има седум странци, бидејќи во Црна Гора нема ограничување на странски играчи во првенството. и со буџет од половина милион евра. Еден перфектно селектиран тим со одбојкарки од по два метри. За нашите одбојкарки нешто сосем различно. Одигравме квалитетни натпревари, на високо ниво и видовме до каде е нашата одбојка во споредба со клубовите од регионот. Како екипа вакви натпревари досега не сме играле и ќе ни бидат добредојдени во пресрет на новата сезона“, заклучува тренерот на Фит Фан Волеј, Благоја Ставревски.
Екипата на Фит Фан Волеј ќе има кусо време за сумирање на впечатоците со оглед на тоа дека стартува домашното првенство, а прв предизвик за нив е гостувањето кај Младост УГД на 16 октомври.
Грчкиот преставник АЕК Атина го освои годинешното издание на БВА купот и ќе обезбеди учество во првата рунда од европскиот Челинџ куп.
БВА КУП 2025
1.КОЛО:
АЕК АТИНА – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 3:0 (25:14, 25:9, 25:15)
ХЕРЦЕГ НОВИ – ДРИТА 3:0 (25:22, 25:7, 26:24)
2. КОЛО
ХЕРЦЕГ НОВИ – АЕК АТИНА 0:3 (16:25, 20:25, 18:25)
ДРИТА – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 3:0 (25:10, 25:14, 25:12)
3. КОЛО
АЕК АТИНА – ДРИТА 3:0 (25:20, 25:18, 25:19)
ХЕРЦЕГ НОВИ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 3:0 (25:16, 25:9, 25:12)
ТАБЕЛА
1.АЕК АТИНА (Грција)
2.ХЕРЦЕГ НОВИ (Црна Гора)
3.ДРИТА (Косово)
4.ФИТ ФАН ВОЛЕЈ (Македонија)