Тренерот на женскиот прволигаш Работнички Скопје и помошник тренер во женската сениорска репрезентација на Македонија, Душко Деспотовски беше единствениот македонскиот претставник на шесттата „Тренерска конвенција“ која од 26 до 28 септември се одржа во Задар, Хрватска во организација на Европската одбојкарска конфедерација.
На Конвенцијата на која предавањата беа фокусирани на работата со младите категории како предавачи се појавија тројца искусни стручњаци Ерик Хоџсон, Сашка ван Хинтум и Наталија Климентова.
Покрај теоретските предавања и практичната примена на теоријата во тренинг сесии, тренерите кои беа дел од Конвенцијата посетуваа и работилници за размена на искуства, како и истражување на иновативни методи кои може да ги користат во пристапот кон тренингот и развојот на спортистите.
„Тренерската конвенција“ е дел од проектот на ЦЕВ „Играј одбојка – расти со неа“ во која се вклучени 30 Национални федерации од Европа, меѓу кои и ОФМ.