Македонските претставници во Лигата на шампионите, Струмица во машка конкуренција, односно Јанта Волеј Кисела Вода кај дамите, ќе понудат двојна програма во Скопје на стартот на елитната сезона.
Во договор меѓу македонските клупски прваци, нивните противници и Европската одбојкарска конфедерација, првите домашни натпревари во европските клупски купови ќе ги играат на 22 октомври во салата „Јане Сандански“ во Скопје.
Според распоредот на 22 октомври Струмица од 17 часот го пречекува романскиот шампион Динамо Букурешт, додека одбојкарките на Јанта Волеј КВ во терминот од 20:30 часот ќе се соочат со трикратниот првак во низа на БиХ, Гацко.
Струмица реваншот со Динамо го игра во Букурешт на 28 октомври во 18 часот по македонско време. Јанта Волеј КВ, пак, возвратниот дуел го игра на 29 октомври во СЦ „Олимп“ во Требње.