Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Двомеч со Бугарија – прв тест за сениорите

  • July 28, 2025

По комплетирање на првиот микро-циклус од подготовките во Маврово за квалификациските натпревари со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026, машката сениорска репрезентација утринава отпатува за Софија каде ќе одигра пријателски натпревари со селекцијата на Бугарија.

Натпреварите се играат во салата „Левски“ во Софија. Првиот натпревар е закажан за 29 јули во 17 часот, додека втората контрола на 30 јули се игра на пладне, а по неа македонската репрезентација се враќа дома.

Двомечот со Бугарите треба да покаже во каква форма е тимот на селекторот Јошко Миленкоски во пресрет на евро-квалификациите и кои се елементите на кои треба да се посвети внимание во втората фаза од подготовките.

„Пријателските натпревари со Бугарија ќе дојдат како одлична контрола на она што го работевме во изминативе десет дена во првиот микро циклус во Маврово. Задоволен сум од тоа како течеше првиот дел од подготовките, момците работеа со висок интензитет, а сега полека влегуваме во фазата на техничко-тактичка подготовка. Бугарија треба да ни покаже што е добро во нашата игра, а што ќе треба да корегираме во пресрет на дуелот со Грција. Имаме доволно време, со оглед на тоа дека и следната недела во Скопје не очекува меморијалот ‘Чајка’, кој ќе биде финална проверка на силата“, вели селекторот Јошко Миленкоски пред заминувањето за Софија.

Делегацијата од Маврово се сели во Софија, додека од 31 јули ќе биде стационирана во Скопје, каде прво од 5 до 7 август во салата „Борис Трајковски“ заедно со Бугарија и Швајцарија ќе настапи на 49-то издание на меморијалниот турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“. Првиот натпревар од евро-квалификациите Македонија го игра на 13 август во Атина, додека на 17 август во Скопје ја пречекуваме Грузија за крај на циклусот.

  • May 15, 2026

Даниела и Сара Горбок: „Повикот беше изненадување, но го прифативме со драго срце“

  • May 14, 2026

Љафтов како вицешампион се одјави од Унгарија

  • May 14, 2026

„Младите добија шанса во Крушево, сега со уште посериозно темпо продолжуваме во Скопје“

  • May 14, 2026

Јонузи: „Нов стручен штаб, подмладување… Верувам дека новата енергија ќе донесе позитивни работи“

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (124)
  • Репрезентација (203)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (68)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (8)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings