Одбојкарската федерација на Македонија на 1 јули го отвори летниот преоден рок за домашни играчи во пресрет на новата натпреварувачка сезона 2025/2026. Според правилниците на ОФМ летниот трансфер период ќе трае до 7 септември.
Освојувачот на Купот на ОФМ 2025, Штип УГД уште на првиот ден го најави своето прво засилување репрезентативецот Стојан Илиев. 26-годишниот примач кој потекнува од Струмица неколку години има статус на интернационалец, а во Штип доаѓа од таборот на хрватска Марсонија.
Стојан Илиев е првото звучно засилување за штипскиот тим, кој во новата сезона ќе дебитира на европската сцена со настапот во ЦЕВ Челинџ купот.