Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Министерството за спорт, Одбојкарската, Кошаркарската и Ракометната федерација, и МРТ во нов проект за промоција на македонскиот спорт

  • June 3, 2025

Пилот проектот по кој Одбојкарската федерација на Македонија во соработка со Македонската радио телевизија (МРТ) сезонава ги организираше завршните турнири во машка и женска младинска конкуренција на почетокот на мај во салата „Јане Сандански“ во Скопје, е нов проект за промоција и популаризација на македонскиот спорт, кој денеска беше презентиран во Министерството за спорт.

На иницијатива на Министерството за спорт, а со соработка со три национални федерации – Одбојкарската, Ракометната и Кошаркарската федерација на Македонија потпишан е договор за соработка со националниот сервис, за подигање на квалитетот на македонските лиги во најмасовните спортови, но и за генерално да се крене нивото на поголема популаризација на спортот. На промоцијата на проектот беа министерот за спорт Борко Ристовски, претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, потпретседателот на Македонската кошаркарска федерација, Младен Ѓуроски и одговорниот уредник на МРТ1, Драган Николовски.

„Се работи за еден голем проект кој, народски кажано, чини многу пари, меѓутоа ние како министерство и како држава сме подготвени да го поддржиме заедно и во соработка со МРТ и со националните спортски федерации, а сѐ во интерес и за промоција на македонскиот спорт. Ова е прв чекор од она што треба да го направиме, прво за популаризација на македонскиот спорт, на македонските играчи, а во ист момент да помогнеме и со привлекување на што повеќе спонзори, затоа што не е исто кога она што го спонзорирате оди и на телевизија секоја недела или 2-3 пати во неделата. Од друга страна мислам дека треба да почнеме и македонските национални првенства да ги подигаме на што е можно повисоко ниво, младите македонски спиортисти да ги третираме на ниво на кое што треба да бидат третирани и да почнеме да создаваме нови спортски ѕвезди“, рече министерот за спорт, Борко Ристовски, и додаде: „Нашиот интерес како Министерство за спорт е да има што повеќе спорт на телевизиските програми, да го промовираме македонскиот спорт, да ги промовираме младите македонски спортисти и на тој начин да привлечеме што е можно повеќе деца да почнат да се занимаваат со спорт и на крај на денот, од сето ова да имаме не само спортски, туку и општествен бенефит.“

Претседателот на ОФМ, Петар Јовановски потенцираше дека проектот имаше позитивен одзив при неговата имплементација во финалните турнири кај младинките и младинците.

„Ние веќе направивме еден пилот проект со МРТ со финалните натпревари во младинска конкуренција. Одзивот и реакциите беа многу позитивни. Кога имате ТВ пренос и услови во салата како кога се игра натпревар од Европско првенство или од Лига на шампиони, децата добиваат уште поголема желба да играат и да спортуваат, бидејќи и тие се видени и препознаени во училиштата и во нивните средини. Мислам дека овој проект требаше да се имплементира и многу порано и дека идејата е за поздравување“, истаква Јовановски.

Одговорниот уредник на МТВ1, Драган Николовски соопшти дека договорите на јавниот сервис со трите национални спортски федерации се однесува на проект кој ќе стратува од септември и треба да трае четири сезони.

„Министерството за спорт на чело со министерот Борко Ристовски го препознаа моментот и изразија полна поддршка на идејата трите федерации – Ракометната, Кошаркарската и Одбојкарската федерација на Македонија да влезат во едно партнерство на повисоко ниво со МРТ кадешто заеднички интерес на сите би била уште поголема афирмација и промоција на македонскиот спорт. Станува збор за еден проект кој што би траел четири сезони, до летото 2029 или во цел еден олимписки циклус во кој се надеваме дека како јавен сервис ќе помогнеме повеќе да се промовираат нови спортисти, нови имиња и  најдоброто и најквалитетното од македонскиот спорт да стигне до што поголем дел од публиката. Во принцип, идејата е во секоја натпреварувачка сезона во наредните четири години на јавниот сервис, односно на спортско-забавниот канал МТВ3 да бидат емитувани најмалку 50 директни преноси од ракометното, од кошаркарското и од одбојкарското првенство. Ова би било на некој начин прво полувреме, на ист начин, иста или слична поддршка, во вториот дел на проектот ќе има за младинскиот спорт“, посочи Николовски.

  • May 15, 2026

Даниела и Сара Горбок: „Повикот беше изненадување, но го прифативме со драго срце“

  • May 14, 2026

Љафтов како вицешампион се одјави од Унгарија

  • May 14, 2026

„Младите добија шанса во Крушево, сега со уште посериозно темпо продолжуваме во Скопје“

  • May 14, 2026

Јонузи: „Нов стручен штаб, подмладување… Верувам дека новата енергија ќе донесе позитивни работи“

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (124)
  • Репрезентација (203)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (68)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (8)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings