Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Полуфинале на плеј-оф, започнува разигрувањето за шампионската титула

  • April 10, 2025

Минатиот викенд во Радовиш беа поделени првите пехари во сезоната, во Купот на ОФМ 2025, а од оваа седмица стартува разигрувањето за шампионската титула во најсилните домашни одбојкарски лиги.

Полуфиналето на плеј-офот стартува попладнево со два натпревари на програмата. Освојувачот на куп-титулата Штип УГД ќе се соочи со Универзитет во Тетово кај мажите, денеска, 19 часот, во Штип, додека Јанта Волеј КВ и Фит Фан Волеј кај дамите, вечерва од 20:30 часот во салата „Невена Георгиева – Дуња“ во Скопје влегуваат во трка за шампионскиот трофеј.

Штипскиот состав е апсолутен фаворит во дуелите со Универзитет во Тетово, со оглед на тоа дека доминираше во меѓусебните дуели во регуларниот дел, но и фактот дека од лидерската позиција на прволигашката табела влегува во дуелот. Квалитетот исто така е на страната на Штип УГД, а нема дилеми дека тимот на Кристијан Ристески ќе биде и тоа како мотивиран да ги обедини круните сезонава. Универзитет во Тетово, секако дека нема лесно да се предаде и ќе се обиде да ја искористи секоја шанса за изненадување.

Кај дамите Јанта Волеј КВ има четири победи над градскиот ривал Фит Фан Волеј во регуларниот дел од сезоната. Одбојкарките на Јанта единствено во првиот дуел од првенството загубиле сет од Фит Фан, додека на останатите дуели со максимален резултат го решавале натпреварот. Јанта Волеј КВ остана без првиот пехар сезонава, откако по пет сета загуби во финалето на Купот, па сигурно најдоброрангираниот тим во прволигашката сезона нема да си дозволи нов кикс на патот кон шампионската титула. Фит Фан Волеј минатата недела дебитираше на финалниот турнир од Купот на ОФМ, а тоа е доволна инспирација за тимот на Благоја Ставревски да понуди поквалитетен отпор во плеј-офот и да се обиде да оди чекор напред во клупската историја.

Покрај овие двојки во полуфиналето на плеј-офот кај мажите играат Струмица 47&72 и Борец, односно Работнички Скопје и Наковски Волеј кај дамите, дуели кои се играат утре од 18 часот.

Струмица на завршниот турнир од Купот минатата недела уште еднаш потврди дека е подобра екипа во моментов од Борец, кога во полуфиналето со 3:0 ги совлада велешани. Во меѓусебните дуели во првенството струмичкиот состав има три триумфи. Борец ќе се обиде да му парира на бранителот на титулата, но прашање е колку ќе успее во тоа.

Можеби најинтересната двојка во плеј-оф серијата се толку Работнички Скопје и Наковски Волеј. Противниците имаат 2:2 во победи сезонава и тоа интересно секој има по една победа со максимални 3:0, како и по една победа до која стигнувале преку тај-брејк. Екипи со изедначен квалитет и сериозно ривалство кое може да донесе и трет натпревар во серијата.

Полуфиналето на плеј-офот се игра во два добиени натпревари (дома – гости), по кои победникот продолжува во финалната серија која се игра во три добиени натпревари.

  • April 21, 2026

Работнички Скопје и Наковски Волеј во „битка“ за круната кај дамите

  • April 21, 2026

Штип УГД е на чекор до титулата

  • April 20, 2026

Работнички 71&22 е нов младински првак!

  • April 20, 2026

Љафтов ќе игра финале, Милев ќе се бори за бронза во Унгарија

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (117)
  • Репрезентација (192)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (68)
  • Млади категории (5)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (5)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings