Судиите и делегатите во подготовка за вториот дел од сезоната

Во организација на Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија во хотел „Оаза“ во Штип се одржа полугодишниот судиски семинар за натпреварувачката сезона 2024/2025.

На семинарот кој беше од задолжителен карактер присуствуваа голем број на млади, но и искусни судии и делегати, а меѓународниот одбојкарски судија Орданчо Амбарков беше главен предавач на темата „Овластувања и должности на втор судија за време на одбојкарски натпревари.“

Тема на дискусија беа и актуелни ситуации од натпреварите во националните првенства со кои се имаат соочено официјалните лица.

Судиската организација се подготвува за вториот дел од сезоната и преку ваквите семинари работи на подигање на квалитетот на “интерпретација на судиските правила” на одбојкарските терени.