Прва меч-топка за Струмица 47&72, Штип УГД нема право на грешка

Четвртиот натпревар од финалето во машкиот одбојкарски шампионат на Македонија може да биде последен во сезоната затоа што Струмица 47&72 води во серијата со 2-1 против Штип УГД. Предизвукувачот ќе игра на свој терен со надеж дека ќе израмни, а со тоа дека ќе се избори за мајстока в недела на теренот на бранителот на тронот. Досега домашниот терен беше клучна предност, но овој пат штипјани ќе играат со притисок дека ќе нема поправен за евентуална грешка.

Струмица 47&72 има десет првенствени трофеи во своите витрини, а од 2012-та досега освои девет двојни титули, но годинава Штип УГД славеше во финалето на купот и стигна до првиот пехар во историјата. Оттука, се уште е се отворено, а каков ќе биде епилогот во салата „Јордан Мијалков“ ќе проследиме и во преносот на МРТ-3 од 18 часот и 25 минути.

Финале (мажи) – до три добиени натпревари

Струмица 47&72 – Штип УГД     3:1 (25:19, 25:18, 23:25, 25:22)

Штип УГД – Струмица 47&72     3:1 (30:28, 17:25, 25:20, 25:21)

Струмица 47&72 – Штип УГД     3:1 (25:18, 15:25, 25:17, 25:15)

Штип УГД – Струмица 47&72     (четврток 25.04.2024, МРТ-3 18.30)

Струмица 47&72 – Штип УГД     (недела 28.04.2024)