Девојките загубија од Турција, одбојкарите утре ќе ги почнат зонските евроквалификации

Репрезентацијата на Македонија за девојки до 18 години загуби од Турција со 3:0 (25:14, 25:15, 25:15) во првиот настап на квалификациите за ЕП за одбојкарки родени 2007-ма и помлади. Ивана Милева беше најефикасна во нашиот табор со четири поени. На турнирот во Софија, Македонија денеска од 15 часот ќе игра со Србија, а со уште еден пораз ќе го заврши учеството на квалификациите коишто имаат тежина на балкански шампионат. Со евентуална победа ќе останат калкулациите за полуфинале.

Идентично натпреварување организира и Одбојкарската федерација на Македонија, но во машка конкуренција. Турнирот е во салата „Парк“ во Струмица, а македонската репрезентација првиот настап ќе го има утре со Косово, а потоа в сабота ќе играме со Грција. Првото место во групата обезбедува финале, а победа во него е влез на Европскиот шампионат во јули. Предвидени се и дополнителните квалификации во април, но тие нема да бидат зонски и ќе има ограничување со учество на најмногу четири репрезентации од Балканската одбојкарска асоцијација.  

Квалификации за ЕП 2024 (играчи до 18 години) – Струмица

Група А: МАКЕДОНИЈА, Грција, Косово

Група Бе: Србија, Романија, Турција

Четврток:

17.00 Грција – Косово

19.30 Србија – Романија

Петок:

17.00 Романија – Турција

19.30 Косово – МАКЕДОНИЈА

Сабота:

17.00 Турција – Србија

19.30 МАКЕДОНИЈА – Грција

Недела:

15.00 Натревар за 5-то место

17.30 Натпревар за 3-то место

20.00 Финале

————————————————————————————————————

Квалификации за ЕП 2024 (одбојкарки до 18 години) – Софија

Група А: Бугарија, Косово

Група Бе: МАКЕДОНИЈА, Турција, Србија

Среда:

15.00 Турција – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:14, 25:15, 25:15)

Четврток:

15.00 МАКЕДОНИЈА – Србија