Женско дерби во Струмица, натпревари за место во Втората фаза-1 кај одбојкарите

Одбојкарите ја продолжуваат битката за билетите за Втората фаза-1 напролет во којашто ќе учествуваат шесте најдобри екипи по есенскиот дел, а кај дамите полека се исцртува водечкиот квартет за шампионската трка. Единственото дерби за врвот во вонредниот термин за прволигашка одбојка, утре и задуте, е натпреварот на одбојкарките на Струмица жени и на Работнички Скопје. Домашниот состав досега има максимален биланс, исто како и Наковски волеј, а бранителките на двојната круна ќе одат во Струмица со три победи и со два пораза во претходните дерби соочувања.

Кај одбојкарите, Струмица 47&72 е апсолутен фаворит и сезонава, а три екипи направија чекор плус во однос на конкурентите, но се уште сите имаат математички можности да се најдат во посилниот натпреварувачки дел. Од тој аспект, Сушево, Јанта волеј и Вардар се пред победнички императив во петтото коло, а доколку загубат, ќе имаат тешко надоместливо заостанување во продолжувањето од првиот чин од шампионатот.

Прва лига (мажи) – 5.коло

Вардар – Работнички 71&22                          (среда, 18.00)                           

Струмица 47&72 – Македонија Џио               (среда, 18.30)

Јанта волеј – Шкендија                                  (среда, 19.00)

Универзитет во Тетово – ГОК Борец             (среда, 19.30)

Сушево – Штип УГД                                      (среда, 20.00)

Лирија – Весна Пробиштип                           (четврток, 19.30) 

Табела: Струмица 47&72 4-0, Универзитет во Тетово 3-1, Лирија 3-1, Штип УГД 3-1, Работнички 71&22 2-2, ГОК Борец 2-2, Шкендија 2-2, Весна Пробиштип 2-2, Сушево 1-3, Јанта волеј 1-3, Вардар 1-3, Македонија Џио 0-4.  

Прва лига (жени) – 6.коло

Струмица жени – Работнички Скопје             (среда, 19.30)

Вардар ЕМ – Наковски волеј                          (среда, 16.30)

Јанта волеј – Фит фан волеј                          (среда, 20.30)

Младост УГД – Вардар жени                         (среда, 20.00)

Табела: Наковски волеј 5-0, Струмица жени 5-0, Работнички Скопје 3-2, Јанта волеј 3-2, Младост УГД 2-3, Фит фан волеј 1-4, Вардар ЕМ 1-4, Вардар жени 0-5.