Македонските женски претставници во европските клупски купови сезонава, шампионот Работнички Скопје и Јанта Волеј Кисела Вода по само една рунда го завршуваат учеството во ЦЕВ Челинџ купот.
Европската приказна за Јанта Волеј КВ заврши во Прага каде во реваншот со чешкиот тим ЛВИ Прага загуби со 0:3 (11:25, 12:25, 14:25) во воведното коло од ова натпреварување. Дестини Нелсон со седум поени, Сидни Мур до пет и Андреа Јанкова со четири поени беа најефикасни.
Претходно и одбојкарките на Работнички Скопје го завршија настапот во Европа откако со 0:3 (9:25, 10:25, 17:25) загубија од грчки Заон Кифисиа и во реваншот кој се играше во Скопје. Кариа Трифуновска реализираше седум, додека Ана Павлоска имаше шест поени.
Македонската клупска одбојка во продолжението од сезоната во Европа ќе ја претставуваат машките клубови Штип УГД и Струмица 47&72.