Екипата на ГОК Борец од Велес трета сезона во низа е шампион во Државната лига за ветерани!
На финалниот турнир кој викендов се одржа во салата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово велешкиот состав со 2:1 ја совлада Шкендија, во интересен и неизвесен финален дуел.
На патот до одбрана на титулата во полуфиналето Борец Велес со 2:0 го победи Скопје, додека Шкендија со истиот резултат славеше над 11 Октомври.

Во мечот за третото место Скопје со 2:0 беше подобар од 11 Октомври.

Државната лига за ветерани стартуваше како пилот проект на ОФМ во 2024 година, но веќе трета сезона во низа успешно се одржува во периодот од април до октомври. Лигата ја сочинуваат седум екипи составени од поранешни одбојкари и спортски работници, како и одбојкарски судии и делегати, дел од нив се сè уште активни.
ДРЖАВНА ЛИГА ВЕТЕРАНИ 2026
ФИНАЛЕН ТУРНИР
ПОЛУФИНАЛЕ:
ШКЕНДИЈА – 11 ОКТОМВРИ 2:0 (25:11, 25:15)
БОРЕЦ ВЕЛЕС – СКОПЈЕ 2:0 (25:15, 25:15)
МЕЧ ЗА 3. МЕСТО:
11 ОКТОМВРИ – СКОПЈЕ 0:2 (14:25, 16:25)
ФИНАЛЕ:
ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ ВЕЛЕС 1:2 (15:25, 25:13, 11:15)
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН:
1. БОРЕЦ ВЕЛЕС
2. ШКЕНДИЈА
3. СКОПЈЕ
4. 11 ОКТОМВРИ
5. ТЕТОВО
6. СТРУМИЦА
7. ГЕВГЕЛИЈА