Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Мажи
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Жени
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Билтени
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Пркосевме, но не ја изненадивме Холандија

  • June 5, 2026

Најдобрите македонски одбојкари загубија со 0:3 (19:25, 21:25, 22:25) од Холандија на отворањето на Европската лига 2026 пред својата публика во салата „Парк“ во Струмица. „Лалињата“ важеа за фаворити и ја потврдија таквата улога на теренот и покрај тоа што избраниците на селекторот Јошко Миленкоски дадоа се од себе за соодветно да му парираат на ривалот.

Македонските репрезентативци влегоа сигурно во мечот и играа поен за поен со Холанѓаните се до 8:8. Покрај стандардните Никола и Ѓорѓи Ѓоргиеви, средните блокери Маџунков и Савовски и либерото Ричлиев, убаво освежување во поставата беа Лука Костиќ и Стојан Илиев, како и второто либеро Филип Јованов.

Делуваше екипата стабилно на теренот, но во моментите кога не успеваше да го скроти противничкиот сервис Холандија ја направи првата серија од 0-3 (8:11), а потоа проблем беше да се запрат и средните блокери и се најдовме на највисока негатива од пет поени 12:17. Селекторот Миленкоски реагираше со тајм-аут, „проработе“ и блокот, во нападот бевме трпеливи (според посакуваното) и се доближи Македонија на 17:20. Не најдоа решение за противникот во финишот на мечот нашите одбојкари и со 19:25 го загубија сетот.

Во продолжението играше Македонија уште похрабро и понуди силен отпор не дозволувајќи „лалињата“ да се опуштат ниту во еден момент. Селекторот Миленкоски комбинираше на примачката дијагонала и им даде шанса во игра на сите што ги имаше на располагање.

Факт е дека Македонија постојано беше во позиција да брка резултат, но секогаш наоѓаше начин како да остане во игра и да му пркоси на фаворитот. По голема борба ги загубивме и другите два сета, а со тоа и мечот.

Капитенот Никола Ѓоргиев со 11 поени беше најефикасен, следен од Стојан Илиев со осум поени, додека Лука Костиќ и Филип Савовски имаа по шест поени, а Филип Маџунков реализираше пет поени.

Вториот натпревар на турнирот во Струмица, Македонија го игра в недела кога ќе го пречека Луксембург, во 19 часот, во салата „Парк“.

  • June 5, 2026

Статистиката не е на наша страна против „лалињата“

  • June 5, 2026

Терзиевска: „Ако сме паметни и дисциплинирани имаме шанси“

  • June 5, 2026

Ѓоргиев: „Против Холандија мора да бидеме трпеливи“

  • June 5, 2026

Миленкоски го одбра составот за Холандија

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (125)
  • Репрезентација (217)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (69)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (9)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings