Селекторот Шапе повика 20 одбојкари за евро-квалификациите за У20 во јануари во Скопје

На поширокиот список на селекторот на машката репрезентација на Македонија до 20 години, Јован Шапе, се најдоа 20 одбојкари на кои ќе смета во пресрет на втората рунда од квалификациите за Европското првенство 2027 година во оваа возрасна конкуренција.

Шапе не направи посериозни промени при изборот на оние кои треба да го понесат товарот во квалификации, па на списокот се најдоа скоро истите играчи кои беа дел и од Зонските квалификации во август годинава.

Машката репрезентација на Македонија до 20 години, од 15 до 17 јануари 2027 година во салата „Јане Сандански“ во Скопје, ќе ги пречека Белорусија, Холандија и Норвешка во групата Е, која е една од петте групи од оваа квалификациска рунда за ЕвроВолеј 2027 У20.