Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски, од 20 до 22 ноември годинава ќе присуствуваат на 40. Конгрес на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ), кој ќе се одржи во Пунта Кана, Доминиканска Република.
Македонските претставници ќе бидат дел од годишниот собир на глобалното одбојкарско семејство на кој најавено е присуство на 222 претставници од Националните федерации од целиот свет.
Главна тема на разговор ќе биде стратешкиот развој на одбојката со главен таргет како таа да стане „поголема и подобра“, односно целта на ФИВБ е актуелните 800 милиони луѓе кои се дел од одбојката на глобално ниво, до 2032 година да се зголемат на 1.6 билиони.
Конгресот на ФИВБ истовремено е можност за Јовановски и Деспотовски да ги продлабочат врските и конекциите како со европските партнери, така и да создадат нови надвор од континенталните граници.