По кадетската екипа и пионерките на Наковски Волеј се шампиони во својата возрасна категорија.
На финалниот турнир кој викендов се одржа во салата „Невена Георгиева – Дуња“ во Скопје, во одлична организација на Фламинго Волеј, одбојкарките на Наковски со 3:0 (25:11, 25:20, 25:22) ги совладаа врсничките од Форца Волеј ЕМА.
Претходно во полуфиналето Наковски Волеј со 2:0 (25:19, 25:20) славеше над Фит Фан Волеј, додека Форца Волеј ЕМА во два сета (26:24, 25:21) се радуваше против домаќинот Фламинго Волеј.
Во мечот за третото место Фит Фан Волеј беше подобар од составот на организаторот.
Со финалниот турнир во женска пионерка конкуренција беше комплетирана и сезоната 2025/2026 во сите возрасни категории во организација на Одбојкарската федерација на Македонија.
ПИОНЕРКИ, ФИНАЛЕН ТУРНИР
ПОЛУФИНАЛЕ
Фламинго Волеј – Форца Волеј ЕМА 0:2 (24:26, 21:25)
Наковски Волеј – Фит Фан Волеј 2:0 (25:19, 25:20)
МЕЧ ЗА 3. МЕСТО
Фламинго Волеј – Фит Фан Волеј 0:2 (14:25, 18:25)
ФИНАЛЕ
Форца Волеј ЕМА – Наковски Волеј 0:3 (11:25, 20:25, 22:25)
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН
1 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ
2.ФОРЦА ВОЛЕЈ ЕМА
3. ФИТ ФАН ВОЛЕЈ
4. ФЛАМИНГО ВОЛЕЈ