Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

„Ни треба минимум сет против Грците, но зошто да не и победа во Атина!?“

  • August 12, 2025

Машката репрезентација од попладнево е во Атина, каде утре го игра евро-квалификацискиот дуел со Грција, натпревар кој може да биде клучен за задржувањето на континуитетот на Македонија на континенталните собири.

Македонија „брка“ место на ЕуроВолеј 2026 како една од најдобро петтепласирани селекции во групните квалификации. По првите одиграни дуели од оваа фаза резултатите ни одат во прилог, но сега е ред на нас, ние да одиграме за самите себе и да бидеме практично пред промоција во учесници на ЕП.

Грција е противник со кој во последните три соочувања имаме три порази, важат за фаворити, а играат и на домашен терен. Но, ниту еден од овие факти не ги плаши македонските репрезентативци, затоа што им е јасно дека мора да се мине најтешката пречка за да се стигне до најголемата награда.

„Дуелот со Грција е еден од најважните натпревари за нас летово. Одлично ја темпиравме формата, одигравме квалитетни пријателски дуели кои ни покажаа што е добро во нашата игра, а што треба да поправиме и работевме на тоа деновиве. Анализираме, поставуваме тактика и мислам дека во одлична форма влегуваме во утрешниот натпревар. Резултатите од останатите групи се во наша полза, и сега е се во наши раце. Потребен ни е минимум сет против Грција и мислам дека нема да го бараме минимумот, туку ќе одиме на максимум и зошто да не приредиме изненадување во Атина!? Големо е значењето на овој натпревар – пласман на ЕП и сите сме свесни за тоа. Мотивација и инспирација не ни недостасуваат, желбата е голема и може да очекуваме добра игра, па зошто да не и победа. Сите сме здрави, расположени, има убава атмосфера во тимот и верувам дека тоа ќе се преслика и во играта и на натпреварот“, оптимистички размислува средниот блокер Филип Савовски.

Грција ја пречекува Македонија утре во 19 часот по македонско време во „Мелина Меркури Рентис“ во Атина.

  • January 12, 2026

Јовановски, Ајети и Деспотовски гости на 80- годишнината на Албанската федерација

  • January 9, 2026

Познат изгледот на двојките за претколото од Купот на ОФМ 2026

  • January 8, 2026

Ристески: „Јасно беше дека европската приказна ќе заврши во Милано, горди сме на постигнатото“

  • January 6, 2026

Штип УГД во 1/16 финалето од Челинџ купот ја заврши европската премиера

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (102)
  • Репрезентација (186)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (58)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (24)
  • Европски купови (28)
  • БВА (4)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings