Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Фасулева: „Минатите години се мачевме да освоиме сет, сега имаме два триумфи во осум дена!“

  • June 7, 2025

Две победи по три одиграни натпревари во годинешното издание од ЦЕВ Европската Сребрена лига за женската сениорска репрезентација на Македонија. По историскиот триумф над Луксембург, вчера девојките славеа и над Фарски Острови и тоа на гостински терен.

Се најавуваше пред почетокот на Сребрената лига дека имаме противници по мерка и дека ќе ги бараме своите шанси, но се чини дека тимот на селекторот Стефан Пауновиќ почна полека да покажува и зрелост и карактер.

„За разлика од претходните години кога се мачевме да освоиме сет, сега имаме две победи во осум дена, пресреќни сме. Ако на натпреварите во Струмица бевме во грч, сега во натпреварот влеговме постабилно, посамоуверено и точно знаевме што сакаме на теренот. Навистина сум горда на екипата“, задоволно констатира Ана Фасулева, една од најефикасните одбојкарки на теренот против Фарски Острови.

Фасулева, заедно со Теа Терзиевски запишаа по девет поени против домаќинот на вториот турнир, а се чини дека репрезентативките и слично размислуваат.

„Вистина е дека не знаевме многу за Фарски Острови како ривал, но влеговме фокусирани и го испочитувавме договореното. Си помагавме една на друга, си бевме поддршка и добро функциониравме во сите елементи. Во вториот сет како да застанавме, му дозволивме и на противникот да се разигра, но експресно се вративме во ритам и ја завршивме работата како што треба“, вели Терзиевска и додава: „Сега следно не очекува Австрија попладнево. Противник кој одлично го познаваме, важи за фаворит, но мислам дека почнавме да веруваме многу повеќе самите во себе и нема однапред да се предадеме.“

По седуммесечна пауза во игра се врати и организаторот на играта Ерјона Јонузи и тоа победнички.

„Прв натпревар по седум месеци и тоа со победа, навистина сум пресреќна. Имавме многу убава атмосфера за игра во полето, многу добра енергија меѓу нас девојките и тоа се одрази и на резултатот. Втора победа во трет натпревар – одлично! Денеска играме со Австрија, но нема предавање! Тие се фаворити, но и ние ќе се бориме. Очекувам да ја повториме добрата игра, се надевам дека ќе покажеме дека сме попаметни и нема да ги повториме грешките од Струмица и посакувам позитивен резултат.“

Македонија попладнево, 18 часот, по македонско време игра со Австрија во салата „Дал Сандур“ на Фарски Острови.

  • April 21, 2026

Работнички Скопје и Наковски Волеј во „битка“ за круната кај дамите

  • April 21, 2026

Штип УГД е на чекор до титулата

  • April 20, 2026

Работнички 71&22 е нов младински првак!

  • April 20, 2026

Љафтов ќе игра финале, Милев ќе се бори за бронза во Унгарија

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (117)
  • Репрезентација (192)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (68)
  • Млади категории (5)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (5)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings