Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Струмица 47&72 е на чекор до одбрана на титулата

  • April 28, 2025

Одбојкарите на Струмица 47&72 се на чекор до одбрана на шампионската титула во Првата машка лига, откако со победата од 3:2 (25:11, 19:25, 25:22, 13:25, 15:13) над Штип УГД, вечерва, пред својата публика во салата „Парк“ дојдоа до предност од 2:0 во финалната серија.

Бранителот на титулата имаше фуриозен старт на мечот со доминантна игра во првиот сет, каде клучна беше серијата од 8-1 која донесе убедлива предност (18:6), која овозможи со рутинска игра струмичани да поведат со 1:0.

Штип УГД во стартниот период делуваше како да се бара на теренот во салата „Парк“, а редовите успеја да ги консолидира во вториот сет, кога негативата од 4:2 ја претвори во водство од 4:7, кое не го испушти до крајот и со 19:25 изедначи на 1:1.

Третиот сет понуди најголеми возбудувања. Струмица диктираше темпо до 10:7, но Штип изедначи на 10:10, а потоа поен за поен се играше до 21:21. Домашните имаа прво водство од два поени, 23:21, а како пресудно за да го освојат сетот беа двете технички грешки во финишот на штипјани, за 25:22 и водство од 2:1.

Предизвикувачот повторно ја смири играта и влезе сигурно во продолжението (1:5, 7:15) користејќи ја комплетно кризата во редовите на шампионот. Струмица остави да „помине“ сетот и се подготвуваше за тај-брејк.

Струмичани во решавачкиот сет влегоа со водство од 6:3, но Штип УГД одговори со 0-4 серија за 6:7. Следуваше нова егал серија, која траеше до 13:13, а во која одлучуваа нервите, но и тоа кој тим ќе направи помалку грешки. Во овој случај тоа беше Струмица, затоа што Штип УГД имаше дури осум технички грешки во клучниот сет. Со 15:13 бранителот на титулата дојде во важна победа и има шанса во три натпревари да ја затвори финалната серија и да дојде до 12. шампионска титула во клупската историја.

Струмица во овој дуел ја предводеа Кинтеро со 17, Нилсен со 16 и Милев со 13 поени, додека кај Штип УГД Задмард постигна 18, Багаев имаше 16, додека Гомез реализираше 15 поени.

Третиот натпревар од финалната серија се игра на 1 мај, во 19 часот, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип.

  • May 11, 2025

Газели Волеј шампионки во кадетска конкуренција

  • May 7, 2025

Пауновиќ реши: 20 одбојкарки на првиот собир во Струмица

  • May 6, 2025

Миленкоски со проверени сили на скратениот список на репрезентацијата

  • May 5, 2025

Шампионската круна останува кај Струмица 47&72

  • Uncategorized (2)
  • Домашна лига (90)
  • Репрезентација (83)
  • Повик/Известување (5)
  • Федерација (18)
  • Инфо (33)
  • Пионер(к)и (3)
  • Куп на Македонија (23)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings