Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Струмица 47&72 тргнува по 12 титула, Штип УГД атакува на прв шампионски пехар

  • April 25, 2025

Вечерва, 19 часот, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип започнува битката за шампионската титула во машка конкуренција, каде Струмица 47&72 тргнува по 12-тата круна во клупската историја, додека Штип УГД атакува на прв шампионски пехар.

Штипскиот состав втора година во низа е освојувач на куп-трофејот, а во финалната серија влегува како фаворит со желба да ги обедини титулите и да испише клупска историја. Екипата на Кристијан Ристески има три победи во низа во пролетниот дел од сезоната против струмичани, последната во финалето на Купот на ОФМ, на 5 април во Радовиш. Штип УГД е свесен за епитетот фаворит, но добро ги познава и квалитетите на противникот, па со респект влегува во финалната серија.

„Финалната серија ја дочекуваме со три последователни победи против екипата на Струмица. Фаворитската улога можеби е на наша страна, но Струмица е бранител на титулата, долгогодишен првак и противник кој го почитуваме, и сето тоа дава дополнително голема тежина и за двете екипи. Очекувам пред сè една убава одбојкарска претстава со атрактивни поени, неизвесност и борба за секој поен, како што доликува на едно финале. Серијата ја започнуваме пред домашната публика, која верувам ќе ни даде голема поддршка со полна сала и со убава и победничка атмосфера, што ќе ни биде ветер во грб за со победа да стартуваме во првиот натпревар од финалето“, истакнува тренерот на Штип УГД, Кристијан Ристески.

Бранителот на титулата Струмица 47&72 имаше многу тешка сезона, со голем број на пехови со повредени играчи, но успеа тимот да ги мобилизира редовите и да стигне и до финалето во Купот на ОФМ, а сега и во позиција да брка нова шампионска круна. Струмичани имаа 11 шампионски титули во клупските витрини, седум од нив во последните осум години, не сметајќи го ковид-првенството кое не се доигра.

„Со четворица повредени играчи, од кои двајца искусни репрезентативци, тешко се ‘носиме’ сезонава, но нема предавање. Традицијата е на наша страна, секако желбите и амбициите се шампионската титула да остане во наш посед. Факт е дека ќе биде тешко, но одлично се познаваме со Штип УГД и како екипи, но и индивидуалните квалитети на играчите, маните и предностите. Добро ги анализиравме последните меѓусебни дуели, извлековме поука од грешките кои ги имавме во финалето на Купот и подготвени сме. Сега останува она што е тактичка замисла да го пренесеме на теренот. Ќе го дадеме максимумот, ќе се бориме за секоја топка, па ќе видиме и среќата на чија страна ќе биде“, коментира Јован Ристоманов, предводникот на Струмица 47&72 и додава: „Се надевам дека ќе имаме долга финална серија, со убава одбојка, атрактивна и со натпревари за уживање кои ќе бидат добра увертира за настапите на машката репрезентација летово.“

Сите натпревари од финалната серија во машка конкуренција, која се игра во три добиени средби, ќе имаат директен пренос на националниот сервис како медиумски партнер на Одбојкарската федерација на Македонија.

  • January 12, 2026

Јовановски, Ајети и Деспотовски гости на 80- годишнината на Албанската федерација

  • January 9, 2026

Познат изгледот на двојките за претколото од Купот на ОФМ 2026

  • January 8, 2026

Ристески: „Јасно беше дека европската приказна ќе заврши во Милано, горди сме на постигнатото“

  • January 6, 2026

Штип УГД во 1/16 финалето од Челинџ купот ја заврши европската премиера

  • Uncategorized (4)
  • Домашнo првенство (102)
  • Репрезентација (186)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (58)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (24)
  • Европски купови (28)
  • БВА (4)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings