Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Шампионот Работнички Скопје со пресврт и по пет сета до победа над Јанта Волеј КВ

  • March 3, 2025

По лошиот старт на пролетниот дел од сезоната шампионот Работнички Скопје експресно се врати на победничките патеки и тоа со триумф во пет сета, 2:3 (25:19, 25:14, 22:25, 22:25, 13:15) над еден од директните ривали за титулата, Јанта Волеј КВ, во дербито од 2. коло од втората фаза од Првата женска лига.

Пред полни трибини во салата „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје, одбојкарките на Јанта имаа убаво отворање на мечот. Делуваа поангажирано во одбраната во поле и беа поконкретни во нападите на мрежата, па тоа им донесе предност од 1:0 во сетови. Особено убедливо делуваа во вториот сет, во кој имаа константно висока предност 19:9, 21:11, за рутински да дојдат до 2:0 во сетови.

Имаше шанса домаќинот да ја заврши работата во три сета, водеше со 12:9 во средината на третиот сет, а беше во игра и до 17:17, но бранителот на титулата како да се разбуди кога беше најпотребно. Работнички Скопје ја стабилизира играта и во поле и на мрежа, а тоа резултираше со 22:25. Во продолжението притисокот премина на Јанта Волеј КВ, шампионот го намали и бројот на грешки и одново со 22:25, се избори за тај-брејк.

Во решавачкиот сет, Јанта Волеј КВ отвори со 4:1, односно 5:2, но Работнички Скопје експресно се врати на 5:5. Блокот на домашните проработе кога беше најпотребно и тие со 8:6 заминаа на промена на страните. Највисоката предност тимот на Јанта ја имаше на 10:7, но следуваше серија од 1-5 на Работнички Скопје за нов пресврт 11:12 во финишот на дуелот. Поен за поен се играше до 13:13, а потоа шампионот ја искористи првата сет-меч топка за победа и важни два гостински бода.

Работнички Скопје го предводеа Василевска и Дикова со по 17 поени, додека во редовите на Јанта Волеј КВ Бошковска со 19 поени и Собол со 12 поени беа најефикасни.

  • March 9, 2026

Жарко Ристоски и Ал Хилал ја одбранија шампионската титула во Саудиска Арабија

  • March 6, 2026

Штип УГД, Борец, Струмица 47&72 и Работнички 71&22 ќе играат на Ф4 од Купот на ОФМ 2026

  • March 4, 2026

ИН МЕМОРИАМ АЛЕКСАНДАР БОРИЧИЌ (1948 – 2026)

  • March 2, 2026

Ѓоргиев и Карловарско играа во финалето во Чешкиот куп

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (104)
  • Репрезентација (190)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (67)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (29)
  • Европски купови (29)
  • БВА (6)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings