ЖОК Куманово последен патник во осминафиналето од Купот на ОФМ 2025

Екипата на ЖОК Куманово е последниот патник во осминафиналето од Купот на ОФМ 2025 во женска конкуренција. Кумановки на домашен терен славеа во баражот со 3:1 над Виктори Волеј и обезбедија опстанок во куп-натпреварувањето.

Тие им се приклучија на прволигашите Јанта Волеј КВ, Работнички Скопје, Наковски Волеј, Фит Фан Волеј, Вардар ЕМ, Младост УГД, Струмица жени, Ускана Волеј, како и второлигашите Газели Волеј, Пелистер Волеј, Бами Кор, Фламинго Волеј, Јанта Волеј БУТ, Вардар жени и Форца Волеј ЕМА, кои според позициите на табелата по првиот дел од првенството имаа директен пласман во осминафиналето.

Со добивањето на последниот учесник во оваа фаза истовремено се дефинирани и осминафиналните двојки. Натпреварите се играат на 12 февруари (среда) на теренот на подобро рангираната екипа, а победниците од овие дуели продолжуваат со натпреварување во четвртфиналето од Купот на ОФМ 2025.

БАРАЖ ЗА КУП НА ОФМ 2025 ЖЕНИ

Куманово – Виктори Волеј     3:1 (25:17, 25:16, 17:25, 25:22)

ОСМИНАФИНАЛЕ КУП НА ОФМ 2025 ЖЕНИ, ДВОЈКИ:

Јанта Волеј КВ – Куманово

Работнички Скопје – Форца Волеј ЕМА

Наковски Волеј – Вардар жени

Фит Фан Волеј – Јанта Волеј БУТ

Вардар ЕМ – Фламинго Волеј

Младост УГД – Бами Кор

Струмица жени – Пелистер Волеј

Ускана Волеј – Газели Волеј