Втор настап и втор пораз на македонските одбојкарки во квалификациите за ЕП 2026

Македонските одбојкарки со очекуван пораз ја завршија 45-дневната авантура од првиот квалификациски термин за Европското првенство во 2026-та. Загубија во Солун од Грција со 3-0.

Противничките ја потврдија фаворитската улога којашто им припаѓаше и според реномето, но и според претходните резултати во групата. Македонија не успеа да го повтори третиот сет од мечот со Австријките во Скопје пред осум дена, па вечерва освои вкупно 33 поени (25:8, 25:14, 25:11). Стојанова беше најефикасна кај нас со седум поени, по два освоија Баталаковска, Јонузи, Павловска и Дикова, а по еден Бошковска, Долдурова и Хаџитосева.

Во овие квалификации македонската репрезентација следното лето ќе одигра уште две средби со истите ривалки, а целта останува да биде создавање игра и систем за националниот состав, за да може црвено-жолтите да се надеваат на нешто поконкретно во иднина.  

Повеќе детали за натпреварот на следниот линк:

https://www-old.cev.eu/Competition-Area/MatchStatistics.aspx?ID=72769