Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Мажи
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
    • 2026
      • Европска Лига 2026 – Жени
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Билтени
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Две промени во составот за турнирот во Хрватска

  • May 29, 2024

Турнирот во Белгија ги зголеми амбициите на македонските одбојкари во Европската златна лига. Пласманот во неа не е најзначаен иако секој резултат може да донесе придобивки, но спортски е да се посакува уште некоја победа во оваа репрезентативна активност. Само 38 часа по враќањето од Белгија, националниот тим ќе патува во Хрватска за последните два натпревара од годинашното издание на најсилното натпреварување на ЦЕВ. В петок во Осиек ќе играме со домаќиниот Хрватска, а в сабота со Шпанија.

За разлика од Беверен, во нашиот состав ќе има две промени. Тоше Ефремов и дебитантот Кристијан Илиев ќе ги заземат позициите на Ангел Бошков и на Стојче Арсов. Селекторот Хари Наковски сака да им даде шанса на сите играчи коишто беа дел од овој едномесечен репрезентативен термин во којшто Македонија создава игра за најважните натпревари во оваа календарска година, а тоа се квалификациските пресметки со Грузија и со Грција во август. Со оглед дека Александар Љафтов реши да одмори за Европската златна лига, а Филип Деспотовски се пензионираше, досегашниот биланс е очекуван. Македонија го издржа самонаметнатиот победнички императив и го совлада Азербејџан, а против Белгија, во полна сала, на гостински терен, успеа да освои два сета, да одбрани две меч-топки едноподруго и да дојде до 11:7 во решавачкиот сет, а потоа и да се избори за свои две поединечни меч-топки. Независно од поразот, македонските одбојкари освоија бод на тој дуел и речиси го обезбедија 10-тото место во конечното рангирање што е подобар пласман од лани кога бевме 11-ти настапувајќи во полн состав. Особено радува играта во Беверен како одличен чекор напред кон создавањето комплетен амбиент во походот кон четврто учество на европските првенства по ред.  

———————————————————————————————————

Состав за натпреварите со Хрвстска и со Шпанија:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија)

Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Кристијан Илиев (Струмица 47&72)

Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Лука Костиќ (Рибница – Србија), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип)

Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија), Михајло Мирасчиев (Штип УГД)

Либера: Дарко Ангеловски (Работнички 71&22), Костадин Ричлиев (Штип УГД

————————————————————————————————————–

Распоред на натпревари во Европска златна лига 2024:

17.05.2024 (Струмица):Естонија – МАКЕДОНИЈА 3:1 (25:23, 14:25, 25:19, 25:22)

19.05.2024 (Струмица): МАКЕДОНИЈА – Чешка 0:3 (16:25, 15:25, 16:25)

25.05.2024 (Беверен): МАКЕДОНИЈА – Азербејџан 3:0 (25:17, 25:17, 25:18)

26.06.2024 (Беверен): Белгија – МАКЕДОНИЈА 3:2(25:22, 22:25, 25:17, 24:26, 17:15)

31.05.2024 (Осиек, 19.00): МАКЕДОНИЈА – Хрватска

01.06.2024 (Осиек, 19.00): Шпанија – МАКЕДОНИЈА

—————————————————————————————————————

Квалификации за Европско првенство 2026

17/18.08.2024 Грузија – МАКЕДОНИЈА

25.08.2024 МАКЕДОНИЈА – Грција

  • August 12, 2026

Миленкоски: „Сѐ оди според планот!“

  • August 10, 2026

Надежите мотивирани: Имаме шанса за докажување!

  • August 5, 2026

Надежите стартуваат со работа за Зонските квалификации за ЕП 2027

  • August 5, 2026

Македонската „чета“ се собра во Крушево!

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (125)
  • Репрезентација (248)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (24)
  • Инфо (76)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (33)
  • БВА (8)
  • Интернационалци (10)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings