Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

За кого? – За МАКЕДОНИЈА! Одбојкарите се собраа во Струмица пред новите акции

  • May 2, 2024

Македонските одбојкари ја почнаа новата мисија – Европското првенство 2026. Би било четврто во нашата репрезентативна историја и потврда на постојаноста во настапите на континенталната сцена. За разлика од ланското осминафинале во Бари против светскиот првак Италија, националниот состав има променета физиономија, со нов селектор, Хари Наковски, без најискусниот техничар, Филип Деспотовски, со двајца дебитанти, Михајло Мирасчиев и Кристијан Илиев, и со неколкумина помлади играчи коишто ќе добијат поголема шанса.

Првата цел во оваа акција се двата квалификациски натпревара за ЕП 2026 коишто се закажани за август, најпрво гостувањето во Грузија, а потоа и инспиративниот домашен дуел со Грција. Претходно, Македонија ќе игра во Европската златна лига, а тоа значи дека ќе има соочувања со искусни и квалитетни репрезентации коишто уште отсега ќе ја формираат основата за учеството на следниот самит.

Селекторот Наковски смета на 15-мина одбојкари, денеска сите пристигнаа на собирот во Струмица каде што националниот состав ќе ја кова стратегијата за остварување на основната цел. Насоченоста е кон августовските квалификации, а Европската златна лига треба да биде само загревање и создавање старо-нов, подобро речено реновиран, а во секој случај компактен состав. Од стандардните, Александар Љафтов нема да биде со репрезентацијата во првиот сегмент, односно ќе се приклучи на средина на јули кога ќе почнат трензините за евроквалификациите.

————————————————————————————————————-

Состав на македонската одбојкарска репрезентација:

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев (Бурса-Турција), Давид Стојанов (Фужинар-Словенија)

Коректори: Никола Ѓорѓиев (АЦХ Љубљана – Словенија), Стојче Арсов (Работнички 71&22), Кристијан Илиев (Струмица 47&72)

Примачи: Владо Милев (Струмица 47&72), Лука Костиќ (Рибница – Србија), Стојан Илиев (Анагенисис – Кипар), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип)

Средни блокери: Филип Маџунков (Хасроде – Белгија), Филип Савовски (Војводина – Србија), Филип Лепидовски (Таково – Србија), Михајло Мирасчиев (Штип УГД)

Либера: Дарко Ангеловски (Работнички 71&22), Костадин Ричлиев (Штип УГД

————————————————————————————————————–

Распоред на натпревари во Европска златна лига 2024:

17.05.2024 (Струмица, 20.15): Естонија – МАКЕДОНИЈА

19.05.2024 (Струмица, 20.15): МАКЕДОНИЈА – Чешка

25.05.2024 (Беверен, 17.30): МАКЕДОНИЈА – Азербејџан

26.06.2024 (Беверен, 15.00): Белгија – МАКЕДОНИЈА

31.05.2024 (Осиек, 19.00): МАКЕДОНИЈА – Хрватска

01.06.2024 (Осиек, 19.00): Шпанија – МАКЕДОНИЈА

—————————————————————————————————————

Квалификации за Европско првенство 2026

17/18.08.2024 Грузија – МАКЕДОНИЈА

24/25.08.2024 МАКЕДОНИЈА – Грција

  • April 8, 2026

По една деценија се враќа на европско тло: Ристоски нов тренер на Истанбул ББ

  • April 8, 2026

Јанта Волеј и Работнички Скопје го комплетираат полуфиналното друштво

  • April 8, 2026

Битката за титулата кај мажите стартува на 16 април

  • April 4, 2026

Наковски Волеј и Младост УГД го „заверија“ полуфиналето, ги чекаат ривалите

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (111)
  • Репрезентација (190)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (68)
  • Млади категории (4)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (3)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings