Штипјани ја детронизираа Струмица 47&72, а составот на Струмица жени ја круниса досегашната одлична сезона со титула. На завршниот турнир од 31-от одбојкарски куп на Македонија, Штип УГД ја победи Струмица со 3:2 (22:25, 25:22, 19:25, 25:21, 15:13), а во женсккото финале екипата на Струмица жени беше подобра до Јанта волеј со 3:0 (25:20, 25:12, 25:14).
На задоволство на домашната публика во салата „Јордан Мијалков“, Штип УГД двапати израмнуваше против фаворитот за одбрана на пехарот во купот, а потоа и го доби решавачкиот, петти, сет. Задмард освои 26 поени, Алексов имаше 21, а двоцифрен беше и Абхар со 13. Најефикасен во финалето беше коректорот на Струмица Омхени со 28 поени, а Офоха со 19 и Хенкс со 14 не успеаја да ја го спречат поразот и со тоа на својот тим да му го донеаат седмиот куп пехар по ред, а десетти од 2012-та досега.
Кај дамите, Струмица жени беше убедлива против Јанта волеј – освојувачот во 2021 и исто како штипјани, го слави првиот клупски пехар во македонската одбојка. За него Здјелар продонесе со 15, Шкечиќ со 12, а Хаџитосева со 7 поени. Кај Јанта волеј во седмото финале, Машковска заработи 11, а Бошковска седум поени.