Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

За Европско 2026-та одбојкарите против Грција и Грузија, одбојкарките против Грција и Австрија

  • March 11, 2024

Македонија ја доби Грција противник на двете сениорски одбојкарски репрезентации на патот до Европските првенства во 2026-та. Мажите ќе играат и со Грузија за четврти континентален настап едноподруго, а дамите со Австрија во обидот првпат да конкурираат за влез на еврошампионат.

Овој пат ЦЕВ реши групите да ги формира според рејтингот, што значи дека немаше ждрепка, а со оглед дека 21 репрезентација се дел од квалификациите, има седум групи со по три национални состави. Виза за европските првенства ќе обезбедат првопласираните седум и петте најдобри второпласирани селекции.

Термините за вкупно шестте натпревари се во август годинава и истиот месец 2025-та, а македонските селекцци тогаш ќе одиграат по два меча. Одбојкарите ќе почнат на гостување против Грузија на 17-ти или 18-ти август, а на 24-ти или на 25-ти ќе ја пречекаат Грција. Следната година ќе одиме кај јужниот сосед на 13-ти август по што на 16-ти или на 17-ти ќе и бидеме домаќин на Грузија. Дамите, пак, квалификациите ќе ги почнат на свој терен со Австрија на 17-ти и на 18-ти август, а на 28-ми или на 29-ти ќе сервираат во Грција. Натпреварот со Гркинките дома ќе биде на 2-ри или на 3-ти август 2025-та, а против Австрија на гости на 9-ти или на 10-ти истиот месец.

Знаејќи дека беа осминафиналисти на последното европско организирано и од Македонија со победи над Данска и над Црна Гора, на пласманот на ЕП 2021 во Финска со победа против моќната Турција, а на дебито во Љубљана во 2019-та ги совладаа Словенија и Белорусија, нашите одбојкари имаат голема шанса да го продолжат учеството на големата евросцена. Ова е објективна оценка иако со Грција немаме позитивен биланс, а со Грузија забележавме победа во претквалификациите во Струмица пред точно десет години. Одбојкарките, пак, се уште се во улога на градење на сениорскиот тим, којшто лани играше во Европската сребрена лига и загуби во двата меча против Австрија.   

Квалифинации за ЕП 2026 (мажи) – Романија, Бугарија

Група Еф: МАКЕДОНИЈА, Грција, Грузија

Грузија – МАКЕДОНИЈА            (17/18-ти август 2024)

МАКЕДОНИЈА – Грција             (24/25-ти август 2024)

Грција – Грузија                         (28/29-ти август 2024)

Грузија – Грција                         (9/10-ти август 2025)

Грција – МАКЕДОНИЈА             (13-ти август 2025)

МАКЕДОНИЈА – Грузија            (16/17-ти август)

———————————————————————————————

Квалификации за ЕП 2026 (жени) – Чешка, Шведска, Турција

Група Еф: МАКЕДОНИЈА, Грција, Австрија

МАКЕДОНИЈА – Австрија         (17/18-ти август 2024)

Австрија – Грција                       (24/25-ти август 2024)

Грција – МАКЕДОНИЈА             (28/29-ти август 2024)

МАКЕДОНИЈА – Грција             (2-ри/3-ти август 2025)

Грција – Австрија                       (6-ти август 2025)

Австрија – МАКЕДОНИЈА          (9/10-ти август 2025)

  • May 11, 2025

Газели Волеј шампионки во кадетска конкуренција

  • May 7, 2025

Пауновиќ реши: 20 одбојкарки на првиот собир во Струмица

  • May 6, 2025

Миленкоски со проверени сили на скратениот список на репрезентацијата

  • May 5, 2025

Шампионската круна останува кај Струмица 47&72

  • Uncategorized (2)
  • Домашна лига (90)
  • Репрезентација (83)
  • Повик/Известување (5)
  • Федерација (18)
  • Инфо (33)
  • Пионер(к)и (3)
  • Куп на Македонија (23)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings