Skip to content
  • Дома
  • Репрезентација
    • Новости
    Мажи
    • 2023
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
    • 2024
      • Европска златна лига 2024
    • 2025
      • Европска златна лига 2025
    Жени
    • 2023
      • Европска сребрена лига 2023
    • 2025
      • Европска Сребрена Лига 2025
  • Дом. превенство
    Мажи
    • 2023/24
    • 2024/25
    • 2025/26
    Жени
    • 2023/24
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2024/25
      • Прва лига
      • Втора лига
    • 2025/26
      • Прва лига
      • Втора лига
    Куп на Македонија
    • Куп 2023/2024
    • Куп 2024/2025
    • Kуп 2025/2026
  • Вести и галерија
    • Вести
    • Галерија
  • Федерација
    • Регулатива
    • Ваучери
      • 2023
      • 2022
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт
  • Дома
  • Домашно првенство
    • Сезона 2023/24
      • Мажи – Прва лига
      • Жени – Прва лига
      • Жени – Втора лига
  • Репрезентација
    • Репрезентација Мажи
      • Европска златна лига 2023
      • Европско првенство 2023
      • Европска златна лига 2024
    • Репрезентација жени
      • Европска сребрена лига 2023
  • Контакт

Европски проект „Финансиска и бизнис писменост на спортисти и на тренери“

  • February 27, 2024

Одбојкарската федерација на Македонија го финализираше проектот „Финансиска и бизнис писменост на спортисти и на тренери“ во соработка со Олимпискиот комитет на Словенија, а поддржан од Европската комисија. Во изминатите 18 месеци, македонската куќа на одбојката соработуваше со  олимписките комитети на Србија, на Австрија и на Литванија, како и со Европската Олимписка Академија, а завршница на проектот беа работилниците одржани во струмичко Ново село на 27-ми декември.

Вкупно 69-мина учесници имаа можност да ги следат предавањата на финансискиот советник за спортисти Миха Урек, на тема како да се управува со паричните средства во текот или по завршувањето на спортската кариера, а со тоа и како да се сочува интегритетот на спортот од обидите да се заработи на неморален начин.

„Спортистот секогаш треба да биде свесен дека остварувањето надвор од теренот е подеднакво важно како остварувањето на теренот“, со овие зборови поранешниот ракометар ја почнуваше едукацијата за вкупно 69-мина учесници на работилниците. Во интеракција со нив, експертот за финансиска стабилност на спортистите ги посочи примерите на неколкумина познати спортисти во Словенија коишто се соочиле со парични проблеми поради лоши инвестиции или несоодветен животен стил, меѓу нив и Примож Козмус – олимписки и светски првак во кладиво и Рашо Нестеровиќ – кошаркар во НБА и освојувач на Евролигата. Урек го посочи и искуството на Борис Бекер, кој иако важи за еден од најдобрите тенисери на сите времиња, беше принуден да прогласи банкрот. Токму затоа, финансискиот советник за спортисти на учесниците на работилницата им зборуваше за победничкиот менталитет, за тоа како да се живее стабилен живот надвор од теренот во екот на најголеми успеси на теренот, за животниот стил генерално, за личните финансии и за преодот од активен спортист во спортски пензионер.

 „Задоволство ми е што бев во Македонија и што имав можност да предавам на спортисти од различна возраст. Особена радост ми е што на последната работилница присуствуваа млади спортисти коишто веројатно првпат слушнаа за овие теми и досега воопшто не размислувале за нив. Ова за мене беше прекрасно искуство, се надевам дека чувството е двострано“, изјави Миха Урек, автор на книгата „Победнички менталитет“.

„Секое учество во вакви проекти и соработка од којашто може да се има само позитивни ефекти, нам ни значи многу. Претходно го имавме проектот за двојни кариери на спортистите, а сега и овие исклучително значајни теми во врска со менаџирање на финансиските средства и интегритетот на спортот. Сакам да му се заблагодарам на нашиот соработник господинот Алеш Шолар од Олимпискиот комитет на Словенија, кој не нè заборава и во минатите четири години ни нуди ваков тип соработки“, истакна генералниот секретар на ОФМ Зоран Карановиќ.

  • May 15, 2026

Даниела и Сара Горбок: „Повикот беше изненадување, но го прифативме со драго срце“

  • May 14, 2026

Љафтов како вицешампион се одјави од Унгарија

  • May 14, 2026

„Младите добија шанса во Крушево, сега со уште посериозно темпо продолжуваме во Скопје“

  • May 14, 2026

Јонузи: „Нов стручен штаб, подмладување… Верувам дека новата енергија ќе донесе позитивни работи“

  • Uncategorized (3)
  • Домашнo првенство (124)
  • Репрезентација (203)
  • Повик/Известување (7)
  • Федерација (23)
  • Инфо (68)
  • Млади категории (9)
  • Куп на Македонија (39)
  • Европски купови (31)
  • БВА (6)
  • Интернационалци (8)
  • К.К. „Работнички“ ББ. П.О. Бокс 118 SKOPJE
  • +389 2 316 16 05
  • vfmkd@vfmkd.mk
Facebook Youtube Instagram
Репрезентација
Мажи
  • Европска Златна Лига 2023
  • Европско Првенство 2023
  • Европска Златна Лига 2024
Жени
  • Европска Сребрена Лига 2023
Домашно првенство
Мажи
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Прва Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Жени - Втора Лига
  • 2023/24
  • 2024/25
Куп на ОФМ
  • 2025
Инфо панел
  • Вести
  • Галерија
Федерација
  • Регулатива
Ваучери
  • 2022
  • 2023
  • Контакт

© 2023 MACEDONIAN VOLLEYBALL FEDERATION

  • Privacy
  • Terms & Conditions
  • Cookie Settings