Четврто место за македонските јуниори на зонските евроквалификации во Струмица

Македонските одбојкари до 18 години го освоија четвтото место на зонскиот квалификациски турнир за Европското првенство 2024 за играчи родени 2007-ма и помлади. Во денешниот натпревар со Турција, селекцијата на Ванче Санев загуби со 3:0 (25:20, 25:15, 25:16) откако претходно на турнирот во салата „Парк“ во Струмица го совлада Косово, а претрпе пораз од Грција.

Повеќе детали за денешниот натпревар со Турција на следниот линк:

https://www-old.cev.eu/Competition-Area/MatchStatistics.aspx?ID=72348

Квалификации за ЕП 2024 (играчи до 18 години) – Струмица

Група А: МАКЕДОНИЈА, Грција, Косово

Група Бе: Србија, Романија, Турција

Четврток:

Грција – Косово 3:0 (25:12, 25:12, 25:23)

Србија – Романија 3:1 (25:20, 21:25, 25:17, 36:34)

Петок:

17.00 Романија – Турција 3:0 (25:19, 29:27, 25:16)

19.30 Косово – МАКЕДОНИЈА 0:3 (19:25, 18:25, 19:25)

Сабота:

17.00 Турција – Србија 3:0 (25:21, 25:17, 25:19)

19.30 МАКЕДОНИЈА – Грција 0:3 (15:25, 15:25, 15:25)

Недела:

15.00 Србија – Косово 0:3 (службен резултат)

17.30 МАКЕДОНИЈА – Турција 0:3 (20:25, 15:25, 16:25)

20.00 Грција – Романија 0:3 (23:25, 21:25, 24:26)