Прв пораз на македонските јуниори на евроквалификациите во Струмица

Македонија загуби од Грција со 3:0 (25:15, 25:15, 25:15) и ќе игра со Турција за третото место на зонскиот квалификациски тунир за ЕП за играчи до 18 години. По вчерашната победа над Косово, нашите одбојкари од генерацијата 2007-ма и помлади, не успеаја да парираат во мечот со јужниот сосед, а тоа значи дека завршија втори во групата со три национални состави. Утрешниот натпревар со Турците е закажан од 17 часот и 30 минути.

Повеќе детали за денешниот натпревар со Грција на следниот линк:

https://www-old.cev.eu/Competition-Area/MatchStatistics.aspx?ID=72344

Квалификации за ЕП 2024 (играчи до 18 години) – Струмица

Група А: МАКЕДОНИЈА, Грција, Косово

Група Бе: Србија, Романија, Турција

Четврток:

Грција – Косово 3:0 (25:12, 25:12, 25:23)

Србија – Романија 3:1 (25:20, 21:25, 25:17, 36:34)

Петок:

17.00 Романија – Турција 3:0 (25:19, 29:27, 25:16)

19.30 Косово – МАКЕДОНИЈА 0:3 (19:25, 18:25, 19:25)

Сабота:

17.00 Турција – Србија 3:0 (25:21, 25:17, 25:19)

19.30 МАКЕДОНИЈА – Грција 0:3 (15:25, 15:25, 15:25)

Недела:

15.00 Србија – Косово

17.30 МАКЕДОНИЈА – Турција

20.00 Грција – Романија