Успешен почеток на Македонија на зонските евроквалификации во Струмица

Македонската репрезентација за одбојкари до 18 години го совлада Косово со 3:0 (25:19, 25:18, 25:19) во првиот настап на зонските квалификации за ЕП 2024 за играчи родени 2007-ма и помлади. На вториот ден од турнирот во салата „Парк“, на којшто игра балканската одбојкарска иднина, избраниците на селекторот Ванче Санев беа сигурни и постојано го држеа противникот на безбедна разлика. Најефикасни кај нас беа Филип Петрушевски со 11, Тоше Ефремов со 10 и Јован Лука Глигоров со 9 поени.

Македонија утре од 19 часот и 30 минути ќе игра со Грција за првото место во групата А, а в недела се натпреварите за конечен пласман. Најдобриот ќе обезбеди виза за континенталниот собир во Бугарија претстојното лето, а ќе има и дополнителна шанса во втората квалификациска рунда во април.

Повеќе детали за натпреварот на следниот линк:

https://www-old.cev.eu/Competition-Area/MatchStatistics.aspx?ID=72343

Квалификации за ЕП 2024 (играчи до 18 години) – Струмица

Група А: МАКЕДОНИЈА, Грција, Косово

Група Бе: Србија, Романија, Турција

Четврток:

Грција – Косово 3:0 (25:12, 25:12, 25:23)

Србија – Романија 3:1 (25:20, 21:25, 25:17, 36:34)

Петок:

17.00 Романија – Турција 3:0 (25:19, 29:27, 25:16)

19.30 Косово – МАКЕДОНИЈА 0:3 (19:25, 18:25, 19:25)

Сабота:

17.00 Турција – Србија

19.30 МАКЕДОНИЈА – Грција

Недела:

15.00 Натревар за 5-то место

17.30 Натпревар за 3-то место

20.00 Финале