Потврда на второто место за Штип УГД и за Јанта волеј

Последните три натпревари од есенската програма во сениорските одбојкарски лиги ќе решаваат за второто место на табелата. Штип УГД ќе го пречека составот на Македонија Џио, а со оглед дека е огромен фаворит, за очекување  е дека ќе ја забележи деветтата победа во 11-от настап сезонава, а со тоа ќе го потисне тимот на Лирија од позицијата зад водечката Струмица 47&72. Овој меч првично беше закажан на теренот на Македонија Џио за петокот, но поради прокисната сала беше поместен за денеска и тоа во Штип.

Кај дамите треба да се одиграат уште две средби од 13-то, претпоследно коло во Првата лига. Наковски волеј денеска ќе го пречека Вардар ЕМ и со триумф ќе го преземе второто место од Јанта волеј, но скопската екипа в среда ќе сервира против Фит фан волеј и со успех повторно ќе го изротира пласманот со струмичкиот ривал затоа што ќе има повеќе победи по есенскиот дел.

И во двете конкуренции уште претходно беа познати екипите коишто ќе играат во Втората фаза-1 напролет, односно во шампионскиот натпреварувачки сегмент. За шесте состави кај одбојкарите се предвидени десет кола пред полуфиналето, а за четирите кај одбојкарките шест што значи дека веќе се познати учесничките во разигрувањето за титулата. Во Втората фаза-2 кај мажите ќе има пет, а кај дамите четири екипи. Во сите натпреварувања ќе важат бодовите од досегашните натпревари.

Прва лига (мажи), 11-то коло

Штип УГД – Македонија Џио                          (денеска, 18.30)

Табела: Струмица 11-0, Лирија 9-2, Штип УГД 8-2, Работнички 8-3, Универзитет во Тетово 7-4, Весна Пробиштип 7-4, Шкендија, 5-6, ГОК Борец 4-7, Сушево 3-8, Јанта волеј 2-9, Вардар 1-10, Македонија Џио 0-10.   

Втора фаза-1: Струмица 47&72, Штип УГД, Лирија, Работнички 71&22, Универзитет во Тетово, Весна Пробиштип.

Втора фаза-2: Шкендија, ГОК Борец, Сушево, Јанта волеј, Вардар, Македонија Џио.

Прва лига (жени), 13-то коло

Наковски волеј – Вардар ЕМ               (денеска, 20.00)

Фит фан волеј – Јанта волеј                 (20-ти декември, 20.00)

Табела: Струмица жени 14-0, Јанта волеј 10-3, Наковски волеј 9-4, Работнички Скопје 8-6, Фит фан волеј 6-7, Младост УГД 5-9, Вардар ЕМ 2-11, Вардар жени 0-14.

Втора фаза-1: Струмица жени, Јанта волеј, Наковски волеј, Работнички Скопје.

Втора фаза-2: Фит фан волеј, Младост УГД, Вардар ЕМ, Вардар жени.